Home Патувања Бисер на Јадранот | Дубровник, Хрватска

Бисер на Јадранот | Дубровник, Хрватска

0

,,Оние кои го бараат рајот на земјата, треба да дојдат и да го видат Дубровник’’ – напишал познатиот ирски писател Џорџ Бернард Шо, импресиониран од својата посета на овој идиличен град. На самиот југ од Хрватска, на ртот на далматинскиот брег на Јадранското Море, распослан е прекрасниот Дубровникградот единствен по својата убавина. Додека морските бранови го заплискуваат неговиот брег, стариот град се извишува како скапоцен бисер заштитен од масивните ѕидини, a зад нив – вистинско богатство од архитектонски зданија и уметнички дела, љубоморно чувани низ вековите од домашното население. Гордо носејќи го епитетот ,,Бисер на Јадранот’’, Дубровник мами туристи од целиот свет, со атрактивните локации долж брегот и островите, раскажувајќи им приказни и легенди ним, и на случајните патници, секогаш подготвен да ве поведе на магично патување низ минатото. Историјата е присутна во целиот град, кој истовремено е и музеј, и живописна сцена на која се пресретнуваат културното наследство и современиот живот. Секоја куќа и споменик имаат посебна вредност, опколени од монументалните ѕидини кои се сочувани во својот првобитен облик, и отворени за посетителите како најголема атракција на Дубровник. Шетајќи низ Страдун, или тесните улички и плоштади, трагајќи по тајните на стариот град, вниманието го одвлекуваат мноштвото импресивни палати, древните манастири, цркви, книжарници, ризници, музеи и уметнички галерии, во градот кој негува традиција на одржување културни манифестации, музички, театарски и фолклорни спектакли во текот на целата година. Жичарницата повикува на возење до ридот Срѓ, од чија височина мамат воздишки спектакуларните глетки на градот и ривиерата, а традиционалните ресторани канат нагурманско уживање во некој од вкусните рибни специјалитети и сортните вина на јужна Далмација. Секогаш сончев и топол, со пријатна и блага медитеранска клима, Дубровник и зиме е расцутен во боите на розите, мимозите и темјанушките, а во раната пролет градот оживува во нијансите на ирисите, нарцисите и гераниумите. Низ воздухот се шири мирисот на ароматични билки, лаванда и рузмарин, а на брегот и островите распрснати се медитеранските зимзелени стебла, борови, чемпреси и плантажите со овошки, лозје и маслинки. Дубровник е одличен избор за оние кои трагаат по предизвици и активен одмор, со забава, рекреација, спорт и безброј други можности за уживање, достапни во текот на целата година, и несекојдневно убави златни плажи, хотели и атракции, за сечиј вкус. Градот, чија хармонија на вегетацијата, карпите и морето е насликана и опеана од перата на многубројни големи уметници, никого го остава рамнодушен со совршеноста на ремек делото на човекот и природата.

1

dubrovnik_1

3

521669_579859395367160_2141354638_n

289894

2

dubrovnik3b

palais_sponza

179099_689905407702406_1709756289_n

dub

dome_de_st_blaise

dsc_1951

fontaine_onifrio

peintures_de_dubrovnik

telepherique

dsc_9669

dsc_0273

banje2b

Banje Beach

dubrovnik-beach-23793

Lokrum3

boat_at_lokrum

99238

iles_elaphites

8

83985

7972975690_b30c41d90b_z

dubrovnik-stradun

p1120814-i

3aab77_e61fea8436119575039c1b5f8cf836a0.jpg_srz_1698_1131_85_22_0.50_1.20_0.00_jpg_srz

942664_597473866939046_1702304922_n